ФОТО: Најдобрите фотографии со мотиви од Скопје

Градот Скопје ги награди фотографитее кои ги направија најубавите и најдобрите фотографии инспирирани од нашиот град.

 Првата награда во износ од 50 илјади денари, стручната комисија реши да му ја додели на Зоран Ефремов за фотографијата „Скопје рано”, втората награда отиде во рацете на Дарко Цветановски, за фотографијата „Сообраќај“. Втората награда изнесува 40 000 денари, додека пак третата 30 000 денари, а ја доби Влахо Бранѓолица за фотографијата насловена како „Порта ноќе”.

I mesto - Zoran Efremov

 

       Прво место

Сите три фотографии учествуваа на Конкурс за избор на најдобра фотографијa со мотиви од Скопје, што минатата година го распиша Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

II mesto - Darko Cvetanovski

  Второ место

Комисијата согласно со рокот назначен во Конкурсот, констатираше дека беа пристигнати 53 шифрирани пликоа со фотографии. Во рамки на Конкурсот можеа да учествуваат сите: професионалци, аматери и деца, да поднесат свои фотографии, не постари од 5 години, согласно со утврдените критериуми пропишани во Конкурсот, а изборот на најдобрите 3 фотографии го изврши специјална комисија, формирана од Град Скопје.

III mesto Vlaho Brangjolica

 

  Трето место

Град Скопје, неодамна објави нов Конкурс за избор на три најдобри фотографии со мотиви на Скопје, на којшто може да учествуваат сите професионалци, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето. Апликантите можат да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции, снимени во која било  Општина во Скопје, снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината. Паричните награди и годинава ќе бидат со ист износ како и минатата, a конкурсот ќе трае до 30.04.2014 год., од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, печатените медиуми „Дневник“; „Вечер“ и „Коха“.