Најмалку 13 лица загинаа а 150 се повредени во торнадо, кое го погоди градот Сиудад Акуна на границата на Мексико.Оштетени се 1.000 куќи во државата Коаулиа, а гувернерот Рубен Мореира прецизираше дека загинале 10 возрасни и 3 деца, а едно бебе исчезнало.
Се стравува дека бројот на мртви може да порасне, пренесува БиБиСи.
Во еден момент торнадото достигнало брзина од 270-300 км на час и повеќето од оние кои се мртви, смртта настапила на улица, кога наишол ударот на торнадото, соопштија властите.
Изненадниот налет на ветер и го оттргнал бебето на една мајка од рацете и детето исчезнало, изјави министерот на полицијата на таа покраина, Виктор Замора за АП.
Градоначалникот Акуна Еваристо Ленин Перес изјавил дека тоа било првото торнадо во тој град од неговото основање, пред повеќе од 100 години.
Спасувачите ги пребаруваат 750 уништени згради.Автомобили има и на крововите на куќите, а мртви лежат на улиците, владее потполн хаос, изјави локалната претставничка Марија дел Росарио за мексичките медиуми.
фото: AP