
Снежната бура го пустоши американскиот остров, студениот бран зад себе остава хаос и досега зема 21 живот.
Според АПФ, меѓу загинатите е и бремена жена која загина во Њујорк, откако во неа удри возило за чистење на снег. Повеќето од жртвите загинале во сообраќајни незгоди предизвикани од лизгавите патишта и слабата видливост.
Поради невремето и мразот, 1.2 милиони домаќинства и бизниси останаа без електрична енергија низ Северна Америка.
Властите стравуваат дека невремето ќе продолжи и во текот на денешниот ден.
Поради снежниот хаос затворени се голем број на училишта и фабрики, а откажани се и над 6.500 летови.
Во Њујорк снежната покривка достигна 15 сентиметри, а во Балтимор и Ваштингтон по 20 сентиметри.
Најдебела е покривката во Северна Каролина, 25 сентиметри, по што локалната власт ги предупреди граѓаните да не ги напуштаат своите домови.
Според метеоролозите ова е една од најстудените зими во историјата на САД.