Најмалку 28 луѓе се повредени во земјотреост со магнитуда од 4,8 степени по Рихтер, по ерупцијата на најактивниот европски вулкан Етна, соопштија во средата италијанските власти, додавајќи дека десет лица се хоспитализирани поради полесни повреди.
Најсилниот потрес со магнитудата 4,8 го погодил подрачјето во близина на општината Виагранде, а се слули во средата во 3,10 часот. Тоа е последниот од десетината помали земјотреси предизвикани од ерипцијата на Етна во понеделникот.
Вулканскиот чад претходно ги прекри блиските села и ги принуди властите провремено да го затворат аеродромот во Катанија.
Осумдесетгодишен старец е спасен од урнатините на неговиот дом во селото Флери, каде што е оштетена локалната црква. Италијанските медиуми преенсуваат за паниката кај локалното население кое излегло на улиците, додека на жителите на планинските области им е порачан брзо да ги напуштат своите домови.
Медиумите известуваат и дека се треселе зградите во Катанија, град со повеќе од 300.000 жители.