(ФОТО) Најмалку 36 мртви во автобуска несреќа во Перу

Најмалку 36 лица ги загубиле животите во вторникот во Перу кога автобусот со кој се превезувале слетал од патот кој водел по сто метри високиот карпест брег, објави локалната полиција. По

Несреќата се случила во текот на утрото по локално време, на опасен завој, кога автобусот бил удрен од камион.

„Најмалку 36 лица загинаа, додека беа пронајдени шест повредени“, се наведува во соопштението на локалната полиција за несреќата којашто се случила на 45 километри северно од перуанската престолнина Лима.

Спасителите со хеликоптери биле префрлени до местото на несреќата, каде што повеќе часови трагале по преживеани и ги извлекувале телата на настраданите. Автобусот кој патувал од градот Хуачо, во средишниот дел на земјата, кон главниот града превезувал 53 патници.