ФОТО: Најмалку 84 лица загинаа откако камион влета во толпа во Ница (ВИДЕО)

Хорор во Ница – најмалку 84 лица загинаа, а околу 50 други се ранети доцна синоќа во францускиот град Ница, кога камион удри во толпата луѓе кои го следеа огнометот во чест на националниот празник на Франција 14 јули.

Како што пренесе МИА, францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев соопшти дека меѓу загинатите има и деца, како и дека 18 од повредени во критична состојба.

Според сведоштва на очевидци, камион со полна брзина удрил во толпата нешто по 23 часот и 20 минути, предизвикувајќи паника меѓу присутните.

Nica-1

Обвинителството од Ница соопшти дека откако камионот влегол меѓу толпата луѓе на крајбрежното шеталиште Променад дез Англе, низ неа возел околу два километри и при што возачот пукал од пиштол, се додека возачот не бил неутрализиран од полицијата. На самиот брег во тој момент биле собрани околу 100 000 лица, кои го проследиле огнометот.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози побара од граѓаните на Ница да останат дома и да бидат далеку од прозорците. Бројните сили на редот го блокираа дел на градот во кој се случи инцидентот, а спасувачките екипи на лице место им пружија прва помош на повредените.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Пјер-Анри Бранде повртди дека немало заложници при инцидентот и дека полицијата го убила возачот на камионот.

Продолжување на вонредната состојба во Франција

Изутринава околу 4 часот, францускиот претседател Франсоа Оланд го квалификува нападот како терорстички акт, најавувајќи продолжување на вонредната состојба и мобилизиација на сите резервисти.

Оланд, кој синоќа беше во Авињон, поради нападот во Ница итно се врати во Париз во кризниот штаб во Миистерството за внатрешни работи.

nica-3

Француските власти досега во неколку наврати предупредија на можни терористички закани за земјата и стравуваа од можен напад, поради што во сите градови беа засилени безбедносните мерки за 14-јулското празнување на Падот на Бастиља.

Идентитетот на напаѓачот не е познат, а засега и никој не презеде одговорост за нападот.