Најмалку девет лица се повредени во експлозија на гас за домаќинствата во повеќекатница во Хаг, пренесе порталот NL Times повикувајќи се на противпожарната служба.
Најмалку уште едно лице се наоѓа сѐ уште под урнатините, од под кои се извлечени три лица. Неговата состојба засега не е позната.
Седуммина од повредените се пренесени во болница, а на двајца им била пружена медицинска помош на самото место.
Информативниот портал RTLNews истакнува дека не е позната точната бројка лица кои во моментот на експлозијата се наоѓале во трикатната зграда. Операцијата за спасување е сложена, поради тоа што околните објекти се многу оштени, и моќе да се урант во секој момент, пишува порталот.
Експлозијата се случила по 18 часот по македонско време, и од силината се распаднал ѕидот на трикатната куќа, која е слепена со други куќи од ист тип.