Огромен напис „I <3 Cameria“ никна на мостот кај „Мавровка“ сред Скопје. Чемерија е називот кој Албанците го користат за јужните делови на Албанија и дел од Епир, кој не е прифатлив за Грците, зошто генерално се поврзува со албанскиот иредентизам. Чемерија е дел и од идејата за Голема Албанија и „природното“ поврзување на етничките Албанци.