
Навивач облечен во дресот на аргентинската фудбалска селекција влета на теренот во текот на натпреварот од 28-то коло на шпанската Ла Лига меѓу Мајорка и Барселона кој се игреше пред празни трибини.
Навивачот се обиде да се фотографира со напаѓачот на каталонскиот клуб, Аргентинецот Лионел Меси, но беше спречен од обезбедувањето.
Инцидентот не беше видлив за оние кои го следеа директниот пренос од натпреварот, согласно со политиката на ваквите настани да не им се продава публицитет, кој може да биде сфатено како охрабрување. Сепак фотографиите од инцидентот се појавија на социјалните мрежи.
Не е познато како навивачот успеал да се појави на стадионот на мечот кој Барселона го доби со 4:0. Се појави и фотографија како навивачот прави селфи со Жорди Алба.
Шпанското првенство е второто, по англиското, од најсилните пет европски лиги кое продолжи по паузата поради пандемијата на коронавирусот. Сите натпревари се одржуваат во согласност со епидемиолошките мерки за безбедност, без гледачи на трибините на кои некои клубови поставуваат макети од навивачи а во текот на мечот од разгласот на стадионот поради подобра атмосфера емитуваат снимки од навивање. Во Шпанија до крајот на оваа сезона во продолжението на клубовите им е дозволено да направат пет замени, поради штедење на играчите од повреди поради долгата пауза.
A pitch invader got into Barcelona’s closed-doors La Liga match vs. Mallorca pic.twitter.com/qFyLYoWoaw
— B/R Football (@brfootball) June 13, 2020
Imagine risking jail for a selfie with…Jordi Alba. pic.twitter.com/5PjutYofsx
— total Barça (@totalBarca) June 13, 2020