Нехат Нухи, поранешен економски директор на клиниката за Онкологија во скопската државна болница е уапсен денеска, дознава НетПрес од полициски извори.
Нашите информации велат дека сомневањата на истражните органи се дека Нухи набодно бил одговорен за пазарот во Косово.
Инаку, претходно беше објавено дека полицијата утринава ги привела поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија и две вработени, од кои една медицинска сестра. Информацијата ја потврди денеска и организацискиот директор Халид Матоши во изјава за медиумите.
Тој заедно со директорката на Клиниката д-р Виолета Клисарова кажаа дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен.