За љубителите на зимата и студот во Канада постои хотел кој нуди незаменливно искуство, соби направени целосно од мраз.
Хотелот De Glace во Канада има 36 соби и апартмани кои се специјално изработени од мраз, а гостите можат да уживаат во спиење на леден, но удобен кревет.
Кога ќе падне ноќта, топла и пријатна вреќа за спиење ќе добиете во вашата соба. Во овој хотел можете да уживате и во специјалните апартмани со камини и приватен спа простор.
Пред да ја поминете ноќта во овој луксузен хотел, менаџерите ќе ве поканат на брифинг и ќе ви го покажат целиот хотелски комплекс, а потоа ќе ви го презентираат детално уникатното искуство на ноќевање во хотелот направен од мраз. Така точно ќе знаете што треба да земете со вас, а што ви е она што го имате на располагање.
Па, ако сакате на момент да се чувствувате како Еским, тогаш ова ледено градителско чудо е местото за Вас.
Овој хотел е единстевниот леден хотел во Северна Америка, а прв пат бил отворен на Нова година пред тринаесет години и се гради секоја зима. Сместен е во околината на канадскиот град Квебек, познат по ниските температури. Овој леден рај нуди и капела за венчавки.