(ФОТО) Ники Минаж позираше гола, а целото внимание отиде на еден детаљ

Американската раперка Ники Минаж неодамна објави фотографии на својот инстаграм-профил каде позира целосно гола.

Имено, 38-годишната ѕвезда позира седната на маса, прекривајќи се со розови перници. Со оглед на фактот што Минаж решила да позира без облека, своето тело го украсила со разни нараквици, обетки и ѓердани, а најмногу внимание привлекоа розовите крокс кои ги носи на нозете.

Дека ѕвездата ги воодушевила нејзините бројни следбеници, докажува и фактот дека благодарение на нејзината објава, продажбата на розови крокси вртоглаво скокнала во Америка, пишува „Page Six“.

Имено, обожавателите на славната раперка побрзале да си нарачаат розови крокси, потрошувајќи ги сите залихи на страницата на која се продаваат истите. Секако, Ники не носеше обични розови крокаси, туку со потпис на модната куќа „Шанел“.

За само еден ден од нејзината објава, таа собра повеќе од четири милиони лајкови, но тоа не е ни чудно со оглед на тоа што Ники во последните четири месеци не е толку активна на социјалните мрежи.