ФОТО| Николовски нареди легитимирање и ограничување на престојот на странките во МЗШВ

Актуелниот, во моментов, технички министер за земјоделство, шумарство и водостпанство, кадарот на СДСМ – Љупчо Николовски како своја прва наредба во техничката влада наложи рестрективни мерки за сите кои од различни причини треба да престојуваат во Министерството.

Од актот, како што пишува во актот – „Наредба“, се дознава дека Николовски наложува службенците во министерството да го пријават идентитетот на странките кај полицајците од обезбедувањето коишто притоа тие граѓани ќе ги легитимираат странките.

Исто така, Николовски го ограничува престојот на странките во просториите на Министерството на еден час, а доколку поради природата на предметот престојот би бил подолг, службениците би требало да побараат дозвола лично од министерот, односно од него.

За непочитување на овие наредби на Николовски, секако, се предвидени казни и санкции.