(ФОТО) Николовски: Заеви соочени со пораз бегаат во Бугарија и ги селат своите компании

Покрај трите фирми во сопственост на Заеви во Бугарија: Ориентал Груп, Гомасидра, Радиша Трејд формирани откако Заев е на власт, формирани се уште две нови фирми во последните месеци.

Како што изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, двете нови компании се сопственост на братучедите на Зоран, Трајче Заев и Бобан Заев, а се основани во Петрич.

Новите компании Медикал 420БГ и Фарма ЕУ БГ се со потписот на братучедите Трајче и Бобан Заев.