ФОТО: Нов скандал на Спасовски, со службени возила на трибини на СДСМ

Технички назначениот министер за внатрешни работи забележан со службени возила на МВР на партиски трибина во Крива Паланка. Порталот Press24 објави фотографии кои велат дека Спасовски вечерва е забележан како излегува од службените возила пред Домот на културата во градот каде што СДСМ одржува партиски настан.

skandal-spasovski-vozilo22-e1449433264590

Ваквото однесување на Спасовски отвора сериозен простор за сомнеж дека техничкиот министер за внатрешни работи ги злоупотребува службените возила за партиски цели, што е сосема спротивно на декларативните заложби на СДСМ за одвојување на партијата од државата.

skandal-spasovski-vozilo33

Имено, Спасовски се вози во автомобили кои ги платиле сите граѓани на Македонија и троши гориво за кое плаќаат исто така сите даночни обврзници, а целта на неговото патување о Крива Паланка е учество на партиска трибина. Неговото работење уште од самиот почеток беше проследено со скандали од кои последниот е набавката на најлуксузен мебел за неговите соработници и платата од 1.000 евра која решил да им ја дава. Претходно, Спасовски беше инволвиран во сандалот кога им ги укина овластувањата на вработените во МВР и ја загрози безбедноста на Македонија, пишува Press24.