Источниот дел на САД од вчера е погоден со обилни снежни врнежи, поради кои се затворени голем број училишта, додека воздушниот и копнениот сообраќај се одвиваат во отежнати услови.
Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека снежната покривка достигнала 20 сантиметри во Филаделфија и Њујорк.
Во снежната бура две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено. Ниските температури и снежните наноси досега земаа најмалку 21 живот низ Америка, која се соочува со една од најстудените зими во историјата.
Околу 4.300 летови доцнеа, а 1.900 беа одложени, меѓу кои и во Филаделфија, Њуарк, Њу Џерси и Њујорк. Голем број од обожавателите на популарниот „Супер Бол“ останаа заробени на аеродромите.
Административните згради, судовите и училиштата беа затворени во области на сојузните држави Конектикат, Делавер, Мериленд, Њу Џерси, Охајо, Пенсилванија и Западна Вирџинија.
На некои местата бурата предизика прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Метеоролозите предвидуваат дека невремето во источниот дел на САД ќе продолжи и денеска, проследено со дожд, снег и лапавица.