ФОТО: Нова „ѕвездена двојка“: Орландо Блум и Кејти Пери

Актерот Орландо Блум и пејачката Кејти Пери заедно си заминале од забавата одржана по доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерата, по што во американските таблоиди се појавија тврдења дека тие се во врска.

Таблоидите пишуваат дека Орландо и Кејти цело време биле заедно и за време на забавата, дека постојано со дошепнувале по нешто и се смееле, па дури и дека танцувале заедно.

По завршувањето на забавата тие си заминале со ист автомобил, што ги подгреа тврдењата дека добиваме нова „ѕвездена двојка“.

blum1

Засега, ниту Блум, ниту Пери не ги коменираат ваквите тврдења.

Орландо Блум до 2013 година беше во брак со Миранда Кер, со која има син, додека Кери една година претходно се разведе од комичарот Расел Бренд, по што имаше турболентна врска со пејачот Џон Мајер.