ФОТО: Новото „Езерце“ како две прилепени школки

Новиот објект на ресторанот „Езерце“ во близина на Градски стадион, кој со години наназад  е запуштен на влезот од паркот, ќе се гради во стилот на отворената сцена „Школка“, во Градски парк.

Според идејното решение кое што го изра специјална комисија во Општина Центар, формата на угостителскиот објект ќе  наликува на две прилепени школки, а ѕидот кој е свртен кон паркот ќе биде изработен од стакло. Автори на овој архитектонтски проект се Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев.

На конкурсот пристигнале вкупно 25 труда.
Општина Центра треба да изработи тендерска документација за склучување договор за основен проект со првонаградениот.

Ezerce - idejno reshenie (4)

 

 

Ezerce - idejno reshenie (5)

 

00 Ezerce - idejno reshenie (2)