Францускиот диџеј Седрик Џервејз кој живее во Мајами е новото момче на сексапилната Адриана Лима.
Лима уште пред неколку месеци реши да се разведе од Јариќ поради неговите неверства. Таа заплови во тајна врска со музичарот со кој се запозна во славната теретана „Петта улица“, каде заедно тренираат.
Тој веднаш се фасцинирал од неа, но сепак на почетокот Адриана не му давала било каков повод, велат нивни блиски извори.
Кога кон крајот на февруари дефинитивно решила да го остави Марко, Лима и се препуштила на новата љубов. Во март била на музичкиот фестивал Ултра во Мајами, на кој настапувало нејзиното момче, а на 21 април на Твитер ги ставила зборовите од неговата песна Summertime sadness која ја има направено со Лана Дел Реј.