ФОТО| Обновена руинираната спортска училишна сала во Општина Кисела Вода со помош на Adora Business Group

После жителството во Радовиш, каде што сум роден, пред 12 години добив жителство во Општина Кисела Вода. Колку што пријатно го чувствувам Радовиш, исто толку пријатно ја чувствувам и Кисела Вода, како моја општина“, истакна проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг на денешното свечено пуштање во употреба на целосно реновираната спортска сала во ООУ „Невена Георгиевска Дуња“ во Општина Кисела Вода.

Адора во континуитет две децении е општествено одговорна компанија која ги поддржува спортот, образованието, здравството, науката, културата. За Чифлиганец помагањето во спортот, градејќи добри услови за спортување е најоправданата инвестиција во здрави, млади луѓе ако сакаме да имаме здраво општество.

Се работи за инвестиција во вредност од околу 4 милиони денари кои се искористија за темелна реконструкција на руинираниот објект изграден по катастрофалниот земјотрес. Од темел до кров, се изврши обнова на спортската училишна сала и се обезбедија квалитетни и современи услови за одржување на настава. Плакета за благодарност заради финансиската поддршка при реализацијата на проектот доби компанијата АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ и нејзиниот сопственик Ванчо Чифлиганец, како и голманот Борко Ристовски поради континуираната поддршка на развојот на спортот во општина Кисела Вода.