ФОТО: Огромниот стомак го претворил во секси мускули

Триесет и петгодишниот Лојд Стивенс благодарение на канцелариската работа и работното време кое не дозволувало тренинзи се соочил со проблемот на вишок килограми. Меѓутоа само 12 недели подоцна на неговиот изглед можат да му позавидат и врвни манекени.

Еден ден кога ја видел својата фотографија од одмор на која, како што вели изгледа многу дебело, решил да се промени и излежувањето и прејадувањето да го замени со строг режим на диета во траење од 12 недели.

За само три месеци, Лојд загубил 12 килограми и стомакот го заменил со стомачни мускули. Таа трансформација му овозможила да ја напушти старата работа и стане познат тренер.

Секако, не мораме посебно да истакнуваме дека вака брзиот успех се должи на напорното тренирање и строгиот режим на исхрана.

– Исхраната е клучен фактор на мојата трансформација. Порано се обидував со комплицирани диети, кои на телото не му давав тоа што му е потребно. Многу подобро е да се поедностават своите навики. Кога само ќе се навратам наназад и ќе се сетам што беше тоа што го нарекував здрав појадок, низ смеа раскажува Стивенс

Тој вели дека порано неговиот појадок се состоел од житарки и банани, ручекот вклучувал сендвич, салата и сок, а за вечера секогаш јадел некои тестенини.  Секако, тука имало и закуски, грицки или слатки.

Новата трансформација му помогнала да го промени и социјалниот живот, па сега е во врска со девојка која ја запознал во текот на тренинзите и се меѓусебна поддршка.

– Да ме прашавте пред пет годнии, никогаш немаше да помислам дека ќе изгледам вака, а камо ли и дека на други ќе им бидам пример да изгледаат како мене, вели Лојд.