(ФОТО) Ѓоковиќ не е омилен кај Англичаните, Вимблдон го „отпиша“ пред финалето

Во Лондон се вжештува атмосферата пред денешното финале на грен слем турнирот на Вимблдон во кое силите ќе ги одмерат Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз. Според нивните прогнози, на лондонската трева пехарот ќе го крене Карлос Алкараз. Неколку часа пред почетокот на финалниот дуел, на официјалната страница на лондонскиот турнир се појави проекција на финалето во кое Шпанецот има 55% шанси за победа, а Србинот 45%.

Според бројките објавени на веб-страницата на Вимблдон, Ѓоковиќ на свој сервис освоил 75% од поените, од кои 82% биле на првиот сервис.

Српскиот тенкисер направил повеќе грешки од бекхенд, 53% и неговиот процент на двојни сервис грешки е 1% во споредба со 4% на Алкараз. Дополнително, ас удари има речиси двојно повеќе од противникот.

Што се однесува до Алкараз, тој освоил 41% од поените на повратна топка, од кои 34% биле на првиот сервис на ривалот, а поголеми се и неговите бекхенд грешки и изнесуваат 46%.

Се напоменува и дека Шпанецот има побрз сервис, најбрзиот му бил 217 km/h, а просечната брзина на вториот сервис е 161 km/h, додека најбрзиот сервис на Ѓоковиќ бил 206 km/h, а просечниот втор сервис бил 150 km/h.