По гафовите со знамињата на неколку странски земји кога нивните челници престојува во официјални посети на Македонија, владејачката СДСМ и натаму докажува дека не се снаоѓа во протоколите во меѓународната политика.
Така во моментите кога во САД беше објавен победата на демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски преку својота сметка на Twitter победата му ја честиташе на републиканскиот актуелен претседател Доналд Трамп. Непознато е дали станува збор за однапред подготвена честитка, за да се биде „меѓу првите“.