![kostadinov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/kostadinov-1.jpg?resize=640%2C433&ssl=1)
Откако му дојде јајцето на газот, според онаа народната, Коста Костадинов од СДСМ го пеомени својот Фејсбук статус кој се однесува на дел од раководните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, кои според бугарскиот министер и манипулатор Красимир Каракачнов имале бугарски пасоши.
Имено, во првата објава вели: „Не е проблем што половина раководство и пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, од Антонио Милошоски до Бојан Стојановски, Александар Николовски, потпишале изјава дека се бугарски производ и земале бугарско државјанство…“.
Дали стравот го чува лозјето од тужби или, пак, наводот дека и тој и министерот Љупчо Николовски од СДСМ ги има на фамозните списоци со бугарски паосши, го менува статусот:
„Не е проблем што наводно половина раководство и пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, од Антонио Милошоски до Бојан Стојановски, Александар Николовски, потпишале изјава дека се бугарски производ и земале бугарско државјанство.
Проблем е што глумат загрижени и поголеми Македонци од нас, кои немаме резервна татковина, за разлика од нив“!