Обично странските политичари, посебно скандинавците, ги посочуваме како примери за одговорни личности кои не ја користат позицијата да се луксузираат и да покажуваат моќ, туку во секојдневниот живот се однесуваат како и останатите нивни сограѓани – одат на работа со велосипед, корситат јавен превоз, летаат со редовни линии итн.
Ова деновиве го направи опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој при миниевропската турнеја во чешката престолнина Прага се возеше јавен превоз. Секако, ова е пример за почитивање, а ќе биде уште подобро ако се одважат политичарите ова да го практикуваат и во нашата земја.
Мицкоски пред некој ден на Твитер напиша:
„Во Лајпциг ќе имаме состаноци и со Извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата. Државата се сака без разлика дали сте во опозиција или во владата“.
Во Лајпциг ќе имаме состаноци и со Извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата.
Државата се сака без разлика дали сте во опозиција или во владата.#cdupt19 pic.twitter.com/OB9eNSQ5pR
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) November 22, 2019