ФОТО| Ѓорче и Карпош вечерва дишат отров

Жителите на скопските наслеби Ѓорче Петров и Карпош 4 во четвртокот вечерта се изложени на големо и опасно по здравјето загадување на воздухот.

Како што покажуваат податоците од мерните станици, нивото на аерозагадувањето во Ѓорче Петров е „многу високо“, додека во Карпош 4 е „опасно“ по здравјето на жителите.