![gjorcev boris dzonson](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/gjorcev-boris-dzonson.jpg?resize=696%2C520&ssl=1)
Во текот на посетата на Лондон, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев се сретна со поранешните премиери на Велика Британија, Борис Џонсон и Лиз Трас, екс премиерите на Австралија, Скот Морисон и Тони Абот, како и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.
На средбите Ѓорчев ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на актуелните прашања во Македонија и во светот. Ѓорчев додаде дека Македонија и македонскиот народ имаат право на свои права, посебност и идентитет.
Ѓорчев учествуваше на ИДУ форумот по повод 40-годишнината од формирањето на најголемата светска организација на десниот центар, која обединува повеќе пд 100 политички сестрински партии со слична програма и принципи.