![selfi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/selfi.jpg?resize=640%2C423&ssl=1)
Синоќешното доделување на Оскарите ќе остане запаметно по неверојатото „селфи“ на откачената водителка Елен Деџенерис и познатите актери.
Популарната водителка која до солзи не’ насмеа на Оскарите доби идеја да направи “селфи” со Мерил Стрип и да ја објави на Твитер, надевајќи се дека таа фотографија ќе биде најмногу пати споделувана, земајќи во предвид дека Мерил Стрип е најмногу пати номинирана за Оскар. Но, за да биде уште поинтересно и пославно во реализација на идејата станаа да и помогнат и Бредли Купер, Бред Пит и Анџелина Џоли, Кевин Спејси, Џулија Робертс, Џенифер Лоренс, Ченинг Тејтум и други.
За помалку од еден час, фотографијата беше споделена повеќе од еден милион пати, а обожавателите полудеа од среќа па така што сега акутелната фотографија споделена повеќе од 2.294.000 пати.
Дефинитвно ова „селфи“ треба да добие Оскар.