Делегација на Левица вчера во Тирана оддаде почит на гробот на албанскиот државник Енвер Хоџа, по што на социјалните мрежи седуваа остри реакции од јавноста и лавина од негативни кометари за партијата и нејзиниот лидер Димитар Апасиев.
Овој потег наиде на осуда од јавноста, која го праша Апасиев- знаете ли вие кој беше Хоџа?
Македонските граѓани коментираат дека Левица веќе не ни кријат дека се тоталитарна партија која сака да ја укине демократијата, бидејќи оддадоа почит на највисоко ниво на Хоџа, еден од најкрвавите диктатори во дваесетиот век.
Од Левица пак гордо објавија за „чинот“ кој го направија.
-По повод 38 годишнината од неговата смрт, официјална делегација на Левица на највисоко ниво, составена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и членовите на Президиумот – м-р Реџеп Исмаил Хактан и Гораст Муратовски, оддадоа почит пред вечното почивалиште на албанскиот државник, партизан и комунист Енвер Хоџа (1908-1985) – поранешен премиер на Народна Република Албанија во периодот по Втората светска војна. Како посветен и антиревизионистички левичар, Хоџа е основоположник на современата албанска држава и прв секретар на ЦК на Комунистичката партија на Албанија (подоцна преименувана во Партија на трудот), која беше основана со југословенска и советска поддршка. Овој француски студент стана симболот на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација, делувајќи како политички комесар на Народно-ослободителната армија на Албанија. Под неговото четиридецениско владеење, Република Албанија, која беше оставена во руини после укинувањето на монархијата, зачекори кон изградба на нови темели: беше изградена првата железничка пруга на нејзина територија, земјата почна со забрзана електрификација, беа искоренети низа епидемиски болести, стапката на писменост беше зголемена од 5% на 90%, државата стана земјоделски независна земја преку колективизација на плодното земјиште, а беше извршена и радикална секуларизација на религијата. Тој водеше беспоштедна борба против локалните великопоседници, клерот и племенските старешини, кои го држеа народот во класна потчинетост и незнаење. За време на неговиот живот успеа да ја трансформира Албанија од полуфеудален вилает на Отоманската империја во индустријализирана планска економија. Како тогаш, така и сега искрената соработка помеѓу слободните балкански народи е можна само преку левичарски политички партии, во услови каде што народите од регионот ќе развиваат рамноправни општества, во хармонија и стабилност, без странско империјалистичко влијание од надвор и корумпирани квислиншки структури од внатре. Новите геополитички прилики кои ги живееме, наговестуваат време на големи промени кон подобро и конечно ослободување на народите од Балканот од уназадувачкото слугување на туѓи интереси. Левица, во духот на интернационализмот, смета дека вистинската политичка еманципација и соживот помеѓу народите е можен само преку доследна социјалистичка платформа која ќе ги елиминира сите појавни форми на експлоатација и класно угнетување на соседните народи. Смрт на фашизмот, слобода на народот!, пишуваат од Левица во објавата.
По ова брујат социјалните мрежи со негативни коментари.
Ова се само дел од нив:
Покрај реакциите на јавноста, се огласи и адвокатот Александар Тортевски, кој исто така не штедеше на навреди:
Од политичките партии, реакција пристигна од ВМРО-ДПМНЕ, според кои станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права.
-Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица. Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите осуди и коментари од јавноста прочитајте ги во нивниот пост: