(ФОТО) Откриен идентитетот на напаѓачот на потпретседателката на Аргентина

Човекот кој се обиде да изврши атентат на потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, е 35-годишниот Фернандо Андрес Сабаг Монтиел, бразилски државјанин, потврдија аргентинските безбедносни власти.

Како што пишуваат локални медиуми, тој е роден во Сао Паоло, неговите родители се Чилеанец и Аргентинка. Повеќе од 20 години живее во аргентинската населба Вила дел Парке. Некогаш работел како таксист, а моментално е невработен и добро и бил познат на полицијата.

https://twitter.com/jornaldireitaOK/status/1565556181862588418?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565556181862588418%7Ctwgr%5E32c587c33cff168ffd4bd879a632a9260489618e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Ffoto-otkrien-identitetot-na-napagjachot-na-potpretsedatelkata-na-argentina%2F

Монтиел лани доби кривична пријава, кога полиција го запрела во возило без регистарски таблички. Кај него е пронајдена мачета долга 35 сантиметри.

Според фотографии објавени на социјалните мрежи, се гледа дека Монтиел на лактот има тетоважа црно сонце. Станува збор за нордиски симбол преземен од нацистите и окултното друштво Туле, основано од богати аристократи, а ја бранело надмоќта на ариевската раса. Од 1918 до 1922 година, групата извршила 300 политички злосторства, покажуваат податоци.

Монтиел се обиде да ја убие Киршнер, актуелна потпретседателка и поранешна претседателка на Аргентина, кога таа со официјална придружба пристигна пред својата куќа во Буенос Аирес. Но, пиштолот не испукал, пишуваат медиуми.

https://twitter.com/AZmilitary1/status/1565513406181941248?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565513406181941248%7Ctwgr%5E32c587c33cff168ffd4bd879a632a9260489618e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Ffoto-otkrien-identitetot-na-napagjachot-na-potpretsedatelkata-na-argentina%2F

Минатата недела активисти се собраа пред куќата на Киршнер, која е обвинета за корупција и измама во врска со доделување јавни договори во Санта Круз, за време на два претседателски мандата од 2007 до 2015 година