ФОТО: Отворена Археолошката изложба 2015

Во Археолошкиот музеј на Македонија беше отворена годишната археолошка изложба на која на крајот на секоја година пред јавноста се изложуваат најзначајните артефакти кои се пронајдени при истражувањата на локалитетите.

На деветтата по ред археолошка изложба од околу 20.000 наоди откриени годинава, изложени се околу 700 најзначајни. Презентирани се монети, оружја, алатки, керамика, накит… кои сведочат за илјадници години стара цивилизација на територијата на Република Македонија.

arheoloska-izlozba-640x508

Археолошките истражувања, кои се дел од капиталните проекти на Владата на РМ, годинава се одвиваа во 22 општини и на 60 локалитети  низ Македонија.  Во истражувањата беа вклучени  екипи од девет надлежни институции координирани од Управата за заштита на културното наследство (УЗКН).

Со проектот „Археолошки катастар на Република Македонија“ беа изведени интензивни теренски активности на старите градови и тврдини, при што се пронајдени стотици сребрени и бронзени монети од антиката и средниот век, како и други археолошки наоди. Околу педесет проценти од истражуваните локалитети се првпат откриени во оваа година.

Во театарот во Скупи најдени околу 8.000 археолошки предмети

Изложбата ја отвори премиерот Никола Груевски кој истакна дека  особено значаен интерес оваа година побудуваат истражувањата на досега најголемиот антички објект откриен во Македонија – театарот во Скупи, чии наоди заземаат значаен дел од годинашната археолошка изложба.

arheoloska-izlozba1-640x297

На овој локалитет во 2015 се работеше многу и најголемиот антички театар во Македонија е целосно истражен, започната е конзервација на сценската зграда. Притоа, пронајдени се над 8.000 археолошки предмети, од кои околу 3.000 монети на сите позначајни римски цареви, како и на повеќе средновековни владетели кои опстојувале на овие простори. Монетите кои се пронајдени се со хронолошки дијапазон од првиот римски цар Октавијан Август, па се до турскиот освојувач на Скопје, Мехмед Втори Фатих, рече Груевски.

Вредна колекција на монети од македонските и пајонските кралски ризници

Посочи дека изложбата за посетителите нуди вредна колекција на монети кои потекнуваат од македонските и пајонските кралски ризници и дека  монетите на македонските кралеви кои досега беа познати за археолошките локалитети во јужните делови на РМ, годинава првпат се откриени и во северните делови на државата, односно во скопскиот и кумановскиот регион.

На локалитетот Кале над селото Брњарци оваа година се откриени монети на Александар Трети Македонски, Касандар, Деметриј Први Полиоркет и Антигон Гонат. Во истражувањата на другите локалитети низ Македонија пронајдени се и голем број монети од времето на кралевите Аминта Трети, Филип Втори Македонски, Персеј и Филип Петти, рече претседателот на Владата, додавајќи дека пронајдените артефакти имаат непроценлива вредност за афирмацијата и туристичката промоција на нашата држава.

Интензивно се работи на заштита на културното наследство

Министерката за култура…