
Седумдесет и три годишен гостиварец е лишен од слобода откако бил фатен со речиси 600 грама кокаин што имал намера да ги прошверцува до Австрија.
Министерството за внатрешни работи по спроведена истрага спречи меѓународен транспорт на наркотична дрога кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен М.А.(73) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Гостиварецот, откако ја земал дрогата од лице во Гостивар истата требало да ја пренесе во Виена, но бил откриен на граничниот премин Табановце. Повеќе детали за ова на следниот линк.