ФОТО| Ова е најдобрата и најоргинална првоаприлска маска во Македонија

Први април е меѓународен ден на шегата, смеата и досетките. Во речиси сите земји во светот, Денот на шегата секоја година се слави на први април. Никаде први април ен е национален празник, но се прославува како ден кога се прават многу шеги, смеа и досетки. Возрасните и децата се маскираат, се облекуваат во карактеристични и уникатни вешто изработени маски и костими, кои имаат цел да насмеат и расположат.

На први април секој може за момент, да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу себе. Бидејќи целта на празникот е среќа и смеење, на овој ден никој не треба да се лути на шегата и лагата без разлика дали е на своја или на туѓа сметка. Како и секоја година, така и оваа и во Македонија се одбележа денот на шегата.

Најоргиналната и најдобра маска годинава е маската македонски пасош. Фотографијата беше објавена на Фејсбук страницата „Ѓорче Петров“. Големо браво за авторот на оваа уникатна маска.