Поларната мечка Артуро е најтажното животно во светот.
Артуро живее во една зоолошка градина во Аргентина, а деновите ги минува во бетонскиот дел на зоолошката „Мендоза“, на 40 степени Целзиусови.
Откако пред две години умрела неговата долгогодишна пријателка Пелус, тој станал многу депресивен. Во заробеништво живее веќе 29 години и почнал да покажува знаци на ментално заболување, бидејќи нема никаков контакт со својот вид.
Поларните мечки живеат околу 20 години, додека во зоолошките градини нивниот животен век може да биде поголем и од 30 години, па неговото преместување би било ризично, порачуваат аргентинските ветеринари.