
Делото „ Лежечки акт “ на Амедео Модиглиани стана второто најскапо уметничко дело на светот, бидејќи е продадена на аукција во Њујорк за 170,4 милиони долари.
Купецот сакал да остане анонимен.
Сликата од 1917-1918 година, на која е претставена непозната гола жена која се одмора на црвен кауч речиси предизвикала скандал кога за прв пат била изложена во Париз.