Убиецот од Минхен 18-годишно момче родено и израснато во Германија. Нема докази за мповрзаност со Исламската држава, ниту со бегалците кои во голем бран пристигнаа во Германија.
Истрагата, вели шефот на полицијата, ќе започне разговори со лица кои го познавале напаѓачот. Во ранецот пронајден покрај неговото тело имало уште 300 куршуми.
Во претресот во семејната куќа не биле пронајдени втски со екстремизам, но пронајдена е книга со содржина за масовни убиства.
Момчето нема криминално досие, но било на психијатриско лекување.
Според информациите кои почнваат да протекуваат од истрагата, момчето е идентификувано како Али Сонболи, син на таксист кој работел во продавница, а имал двојно државјанство, германско и иранско.