Зад секој успешен маж стои жена, вели една позната изрека, а зад секој диктатор стои подеднакво сурова сопруга.
Изреката „Во добро и зло“ за сопругите на диктаторот често подразбира и внатрешнополитички прашања, бунт и корупција. Првите дами одат во чекор со своите мажи, познати по воспоставување на строг режим и кршење на човековите права, а покрај тоа секогаш изгледаат беспрекорно пред камерите.
Ри Сол Ју
„Глобал пост“ ја нарекува севернокорејската Кејт Мидлтон, а фотографиите ја прикажуваат како совршено стилизирана млада жена со широка насмевка. Таа секаде верно го следи својот сопруг. Но, станува збор за сурова богата жена која пред да се омажи наводно имала промискуитетен живот. Поради ширење на гласините за домашно порно- видео, наредила да се погубат сите девет членови на оркестарот со кој што настапувала порано.
Таа се омажи за севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој на крајот на минатата година го уби својот тетин наводно поради издавање на некои државни тајни, а стотина негови роднини ги испратил во Гулаг.
Асма ел Асад
Родена е во Сирија, но пораснала и се школувала во Велика Британија. За претседателот на Сирија се омажила во декември 2000-тата година. Додека граѓаните на нејзината земја живеат во исклучително тешки услови, таа ужива во скапа дизајнерска облека и чевли. Поради нејзината убавина и љубов кон модата, магазинот „Ел“ ја нарекол „пустинска роза“. Нејзиниот сопруг Башар ал Асад е осомничен дека против бунтовниците користи хемиско оружје.
Татјана Каримова
Каримова наводно се развела од мажот, се иселила од семејната куќа и се сарала со постарата ќерка Гулнара, која на „Твитер“ ја нарекла вештерка. Таа вели дека нејзината мајка и’ се заканува дека ќе ја уништи доколку открие детаљи околу нејзината вмешаност во сомнителни работи и перење пари. Каримова е мажена за Ислам Каримов, претседател на Узбекистан, кој е познат по измачување на новинари и активисти за човекови права, под изговор дека тоа го прави за борба против тероризмот.
Силија Флорес
Поранешната државна обвинителка се омажила за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во јули минатата година по 20-годишна врска. Таа била прва жена на местото претседател на Националното собрание на Венецуела. Ги отфрлила обвиненијата за непотизам, иако околу 40 членови од семејството ги поставила на позиции во државната администрација. Таа пред сите рекла дека нејзините роднини ги исполниле сите услови од конкурсот и дека е горда на нив. Никола Мадуро е поранешен возач на автобус. Тој спроведувал масовни апсења на противниците на социјалистичкиот режим.
Грејс Мугабе
Таа прво била секретарка на нејзиниот сопруг, кој од нејзе е постар 41 година. Во текот на 80-тите години започнале тајна афера, а Грејс две од трите деца ги родила додека претседателот Роберт Мугабе бил во брак со првата сопруга. Себе се нарекува мајка на нацијата, иако народот смета дека тоа не е така. Таа ужива во шопинг, а голем дел од парите ги заработила преку малверзации со дијаманти.
Претседателот на Зимбабве е обвинет за крадење на гласови и поставување на кампови за измачување во кои што припадниците од опозицијата биле претепани.