ФОТО: Ова се украинските снајперисти кои убиваа на Мајдан

Западните новинари објавија на „Твитер“ низа фотографии од снајперистите кои на 20-ти февруари пукаа на демонстрантите и полицијата во Киев, кои се доказ дека сите снајперисти се Украинци.

Тие ги испукаа првите куршуми нешто по девет часот наутро, па продолжија со крвавата пресметка седум часа подоцна на Мајдан.

snajperisti

На фотографиите јасно се гледаат лицата на снајперистите и тие се Украинци, потврди функционер од канцеларијата на државниот обвинител на Украина, Олег Магнитски. Сепак, Магнитски не сакал да го открие нивниот идентитет.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров вчера истакна дека постојат докази, иако неофицијални, дека снајперистите се поврзани со ултрадесничарската украинска организација Десен сектор.

snajperisti 2

„Не можам да кажам дека сум сто проценти сигурен, но постојат факти кои тоа го покажуваат. Секако, тоа мора два пати да се провери“, вели Лавров.

Припадниците на Десен сектор го демантираа ова тврдење.

Дури сега со помош на овие фотографии се очекува наскоро откривање на идентитетот на снајперистите од Мајдан.