Тие патувале кон Приштина каде што требало да учествуваат на отворање на аероклубот на Висар Дегај – бизнисмен од Косово кој исто така бил во авионот.
Според италијанските медиуми жртви во авионската несрека се и 55 годшиниот Лука Дале Муле, Ангело Калегари, брокер по професија и 43 годишната Иларија Бертио.
Урнатиот авион бил регистриран во Германија, а пилотите ги има сите потребни дозволи за летање. Од Тревизо полетале во 14 часот а на аеродромот Алекснадар Велики требало да слетаат за да наполнат гориво.
Последниот контакт со контролорите во Скопје го имале во 17 часот и 40 минути, кога според итслијанските медиуми го започнале маневрот за слетување, постапка која вообиачено би требало да трае дест минути.
Според италијанските медиуми, авионот паднал на земја, по што експлодирал и патниците и екипажот загинуваат на лице место.
Тие неведуваат дека временските прилики биле лоши но оставаат истрагата да покаже дали влијаеле врз падот на авионот со оглед на фактот што пилотот многупати претходно имал искуство со летање при невреме. Италијанските медиуми потсетуваат дека вториот пилот Бастасиан пред десет години имал помала несреќа при следтување во Тревизо, кога имал проблем со тркалата на авионот.