Просечната глобална температура порасна за речиси еден степен целзиусов од 1880. година, тврди НАСА.
Ситуацијата особено се влошила од 1975. година до денес, а оваа фотографија е еден од најтажните показатели за тоа.
Изгладнетата поларна мечка ја фотографирал фотографот Керстин Ланенбергер и ја поставил на Фејсбук со коментар во кој изразува загриженост поради климатските промени.
Фотографијата е направена во август на норвешкиот остров кој припаѓа на Архипелагот Свалбард, кој се наоѓа во Артичкиот океан.
-За туристите и фотографите главната причина за доаѓањето на Свалбард се поларните мечки. На прв поглед, се изгледа како отсекогаш што изгледало, но дали на мечките овде им е навистина добро? Летата се пријатни и потопли од порано. Глечерите се отцепуваат и смалуваат за стотици метри секоја година. Гледам парчиња мраз кои исчезнуваат со рекордна брзина. Да, видов мечки кои добро изгледаат, но видов и прегладнети поларни мечки, напишал тој меѓу останатото во својот пост.
Сепак, за тоа што оваа поларна мечка изгледа вака не сакал да ги обвини само климатските промени.
-Мораме внимателно да носиме заклучоци. Оваа поларна мечка можеби е изгладнета, а можеби е само стара, па тешко и е да лови, истакнал Ијан Стирлинг, професор на Универзитетот Алберта, каде со години се проучуваат поларните мечки.