Пајак возилото на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ попладнево направи вистински хаос во скопската населба Дебар маало кога собра голем број кабли и искрши гранки долж улицата Орце Николов.
Возилото искинало повеќе кабли за интернет, телефон, телевизија, па и кабли за напојување со електрична енергија оставајќи ги жителите и фирмите во овој дел од Скопје без овие услуги. Каблите се закачиле на кранот за кревање на автомобили, а возачот најверојатно доцна забележал дека „натоварил“ повеќе од потребното.