
Човекот кој утринава тврдеше дека прв пат слуша за намерата на СДСМ да го кандидира за шеф на државата, не изгледа ни малку збунето и изненадено на фотографијата која на фејсбук ја објави СДСМ-Гази Баба, пишува Прес 24.
На една од трибините кои редовно ги држи низ општинските организации на партијата (активност која малку наликува на предизборна кампања), зад него е закачен натпис „Стево за претседател“. Слична трибина за овој петок најавува општинската организација на СДСМ во Центар каде Пендаровски треба да се обрати во 19 часот.
Пресс24 вчера објави дека партискиот врв на Бихаќка договорил тој да биде кандидат на претстојните избори. Пендаровски преку порталот Република порача дека до сега со никого не разговарал на оваа тема а не знаел ни дека е предлог на повеќе општински организации иако информацијата со денови кружи низ медиумите.