Започнете го новото поглавје на вашиот живот во домот од соништата во „Гранд Ривер“
Изборот на нов дом претставува инвестиција во иднината. Одлуката која ќе ја донесете директно ќе влијае на квалитетот на вашето живеење, и токму затоа е потребно е соодветно да се информирате и истражите пред да го дефинирате конечниот избор. Пронаоѓањето на место кое ќе го наречете свој дом е еден од најважните процеси кои влијаат на обликувањето на вредноста на живеењето, па токму затоа подолу ви презентираме пет клучни работи кои треба да ги земете предвид при купување нов дом.
Локација
Локацијата е првиот приоритет кој треба да го имате на ум кога избирате место
каде ќе ја градите својата иднина. Сетете се дека откако ќе купите нов дом, во него може да измените многу работи, но единственото нешто што не може да го смените е локацијата каде сте инвестирале. Затоа локацијата се смета за основата и клучниот аспект кој дава вредност на домот. Локацијата креира посакуваност на недвижноста, а посакуваноста пак, креира побарувачка што директно влијае на вредноста на инвестицијата.
Добрата локација силно влијае на квалитетот на живот, овозможувајќи близина и достапност на сите погодности кои живеењето го прават убаво и вредно.
Поглед
Со изборот на нов дом отворате ново поглавје во вашиот живот. При изборот размислете кој е погледот со кој сакате да ја започнете новата етапа на вашето живеење и всушност погледот со кој ќе се будите секое утро. Погледот кој ќе го краси вашиот нов дом директно ќе влијае на вашето расположение и енергија. Токму затоа е многу важно при изборот на вашиот нов дом да имате креирано јасна слика во каков поглед би сакале да уживате секој ден. Објектите кои се конструирани на начин максимално да го искористат погледот кој го нудат и да ја внесат убавината на природата во вашиот дом, секогаш треба да бидат приоритет во вашиот избор.
Квалитет на градба
Не сѐ што е убаво однадвор е убаво и во внатрешноста. Токму затоа пред да се одлучите каде ќе го градите вашиот живот, потребно е детално да се информирате за квалитетот на градба на недвижноста која ќе стане ваш дом. Потребно е да ги соберете сите информации за материјалите со кои е граден објектот и да дознаете дали се запазени сите стандарди за безбедност. Тука треба да земете предвид дали е применета конструкција за поголема стабилност и за сеизмичка отпорност на објектот, дали се работи за енергетски-ефикасен објект кој ќе ви ја заштеди потрошувачката на енергија, какви се патничките лифтови, каква е звучната изолација, безбедносните системи итн.
Изборот на ваш нов дом нека биде место кое влева сигурност и доверба и е градено по светски стандарди.
Карактер
Кога избирате нов дом многу е важно истиот да одговара на вашиот карактер. Потребно е да најдете дом кој има свој карактер, уникатен стил и дизајн и се издвојува од другите, а одговара на вашиот карактер. Знаејќи ги вашите карактерни особини, дефинирајте што вие барате во карактерот на вашиот нов дом. Оваа насока многу ќе ви помогне при изборот, бидејќи ќе ја истакне вашата индивидуалност и ќе ве насочи на вистинскиот пат при изборот на ново катче каде ќе градите спомени. Од тој аспект, повторно е важно локацијата да ви понуди богат избор на содржини кои ќе го отсликуваат вашиот начин на живот, независно дали се тоа содржини за спорт и рекреација, активности за деца и семејството, трговски или деловни центри, барови и ресторани и сл.
Вредноста која ќе ја добиете
Големи се шансите дека инвестицијата во вашиот нов дом ќе биде еден од најголемите финансиски предизвици кои ќе си ги зададете некогаш. Пред да се одлучите да го купите домот од вашите соништа, мора да бидете свесни за вашите долгорочни планови и да направите проекција каква ќе биде вредноста на имотот кој сега го купувате во иднина. Имајте предвид дека инвестицијата во добра локација е секогаш најсоодветна опција и гаранција за тоа дека сте инвестирале во дом кој има потенцијал да ја зголемува својата вредност.
Отворена можност за домување на најатрактивната локација во Скопје
Во моментов отворена е продажбата на станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“ кој нуди единствено искуство и можност за живот и работа во јадрото на Скопје, со многубројни квалитетни содржини на чекор до вас. Објектот кој се гради согласно светските стандарди, никнува во непосредна близина на реката Вардар спроти хотелот„Холидеј Ин“ и се наоѓа во близина на живописното шеталиште на кејот на најголемата река во земјата, овозможувајќи бројни активности и погодности.
Заинтересираните може да добијат пероснализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да контактираат со тимот задолжен за продажба на телефонскиот број: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e mail: [email protected] .