Најмалку пет лица загинале а уште неколку се ранети, додека околу двесте лица се ослободени во напади на црковен комплекс во близина на јужноафиканскиот град Јоханесбург, пренесува телевизијата eNCA.
Околу 40 лица, меѓу кои и неколку полицајци и војници, се уапсени додека запленети се триесетина парчиња оружје најдено на местото на нападот во саботата западно од Јоханесбург, изјавил во неделата за телевизијата полицискиот портпарол Вишну Најду.
Повеќе од 200 членови на конгрегацијата напаѓачите ги земале како заложници, но подоцна биле ослбодени од полицијата, рекол претставникот на Меѓународната евангелска пентакостна црква на светоста (IPHC) во предградието Зуурбеком.
Очевидци за медиумите изјавиле дека еден напаѓач отворил оган врз обезбедувањето на црквата. Потоа напаѓачите влегле во црквата и почнале да бараат конкретни црквоно водачи. Четири тела подоцна се пронајдени во запален автомобил, кои имале траги од прострелни рани.
Полицијата истражува дали нападот е поврзан со жестоките контроверзии околу богатото наследство на црковниот водач Глејтон Модисе кој почина во 2016 година.