(ФОТО) Петнаесет загинати во автобуска несреќа во Бугарија

Најмалку 15 лица загинале во саботата доцна попладнето во автобуска несреќа на кривулест пат меѓу местата Лесков дол и Своге на северозападот од Бугарија, соопшти министерството за здравство, а владата го прогласи понеделник за ден на жалост поради оваа трагедија.ж

„Можеме да потврдиме петнаесет загинати и 27 повредени, од кои две жени се во критична состојба“, во сообраќајната несреќа, соопшти за јавната телевизија БНТ портпаролката на министерството за здравство Катја Сунгарска.

Автобусот, со кој домашни туристи се возеле во посета на манастирот „Седумте престоли“ крај Своге, излетал и патот и се превртел, соопшти бугарската полиција. Засега не е позната причината за оваа трагедија, но полицијата соопшти дека според искази на очевидци автобусот пред да излета од патот и да се превртил на платото под патот, претекнувал четири возила.

Најсиромашната земја во Европската унија е критикуван поради лошото одржување на патната инфраструктура и просечната старост на возилата, како и податокот за околу илјада жртви години во сообраќајните несреќи. Во април, така, близу Софија се преврти автобус кога загинаа шест а повредени беа дваесетина лица.