ФОТО: Пијано момче украло „ауди“ и се забило во бандера

Деветнаесетгодишно момче се здобиле со полесни телесни повреди откако вчера вечерта со џип Ауди Q7 се забил во столб за електрично осветлување во Загреб.

Момчето немало ниту возачка дозвола, автомобилот бил украден и згора на се, имал 0,8 промили алкохол во крвта.

pijan-1

Според информациите ко ги објавуваат хрватските медиуми, тој му го украл автомобилот на 41 годишен загрепчанец. Успеал даму ги земе клучевите додека овој седел во кафуле и почнал да дивее со луксузниот џип. Завршил во бандера и предизвикал огромна штета.