ФОТО| По одлуката на Јакимовски, дузина негативни коментари во Карпош

Откакот градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претходно во средата соопшти дека по 99 месеци ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ и оти продолжува со својата грдежна иницијатива во општината што и беше главната причина за несогласувањата со советничката група на опозициската партија, на социјалните мрежи следаа мноштво негативни коментари на сметка на лидерот на партијата ГРОМ.

 

 

„ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина“, ова денеска преку прес-конференција го истакна Роберт Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека денешната прес-конференција на градоначалникот Стевчо Јакимовски е реакција на црвстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по ниедна цена да не се дозволи натамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во општината.

„Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи“, истакна Велјановски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кус коментар на новинарско прашање му посака среќа на Јакимовски натаму вон Коалицијата за подбра Македонија и го повика да не се крие зад тврдењата за наводни уцени.