(ФОТО) Почина синот на Скоти Пипен- легендарниот кошаркар се огласи на Твитер

Страшна трагедија се случи во семејството на легендарниот НБА кошаркар Скоти Пипен- неговиот син Антрон, почина на 34- години.

Славниот НБА кошаркар кој во текот на кариерата шест пати го освојуваше прстенот, на Твитер ја објави тажната вест.

Скршен сум затоа што вчера му реков збогум на мојот прв син Антрон. Двајцата ја делевме љубовта кон кошарката и имавме бројни разговори за спортот, напиша Пипен.