Општина Дојран привршува со подготовките околу претстојниот Д фестивал кој со тридневна програма ќе се одржи од 15 до 17 јули.
Според информациите кои општината ги има од Туристичкото биро, во Дојран речиси и да нема слободно место.
Имаме информации дека луѓето се сместуваат и по околните места. Очекуваме дека ова ќе биде најмасовно посетен настан кој некогаш се случил во Македонија. Во текот на тие три дена очекуваме да нè посетат околу 30.000 лица, а таа бројка да се зголеми во текот на наредните денови, информираат од општината.
Во тридневната програма ќе може да уживате во урбаната музика на SIGMA, Roger Sanchez, Goldie, Dubioza kolektiv, Dub Pistols, Foltin, The Toy Dolls – Official, Чиста Околина, Lollobrigida, Conquering Lion, Hladno pivo (official), Sethstat Jazz & Mirko Popov.
Посетете го Д фестивал и поминете одлични три дена полни со позитивна енергија.