ФОТО: Погледнете одблиску како изгледаше апсењето на „Човекот со шапката“

Фотографии од надзорните камери од третиот напаѓач на аеродромот во Брисел
Фотографии од надзорните камери од третиот напаѓач на аеродромот во Брисел

Белгиецот Мохамед Абрини, кој беше баран од полицијата и за кого се верува дека е „човекот со шапка“ или „човекот во бело“ кој се товари за нападите во брислескиот аеродром Завентем вчера беше уапсен во Андерлехт.

Белгиската телевизија ДХ објави фотографии од апсењето на Абрини одблиску.  Абрини беше баран ипоради сомнение за поврзаност со терористичките напади во Париз минатата година, но и со нападите од Брисел од 22-ри март годинава.

Апсењето на Мохамед Абрини во Андерлехт
Апсењето на Мохамед Абрини во Андерлехт

31-годишниот Абрини беше на листата на најбараните луѓе во Европа, а идентификуван е со помош на надзорните камери.

Апсењето на Мохамед Абрини во Андерлехт
Апсењето на Мохамед Абрини во Андерлехт

На тие снимки, направени на два дена пред нападите изведени на 13-ти ноември во кои загинаа 130 лица во Париз, Абрини се наоѓа во автомобил заедно со Салах Абдеслам, најважниот преживеан терорист кој учествуваше во крвавите напади во француската престолнина.

Абдеслам беше уапсен во Брисел пред две недели, четири дена пред припадници на ИД и негови познаници да го изведат нападот во истиот град.

Инаку на интернет се појави и видео снимка од апсењето на Абрини. Видеото можете да го погледнете на следниот линк.